Исполнет ден на кандидатите за градоначалници за вториот круг

Во тек е кампањата за вториот круг на Локалните избори, а со тоа и кандидатите продолжуваат со средби со своите сожители.

Втор круг ќе се одржи во следните општини:
Боговиње, Брвеница, Бутел, Виница, Врапчиште, Гази Баба, Гостивар, Градско, Дебар, Демир Капија, Долнени, Желино, Зрновци, Јегуновце, Кавадарци, Карбинци, Кисела Вода, Липково, Македонска Каменица, Македонски Брод, Могила, Новаци, Пробиштип, Росоман, Старо Нагоричане, Студеничани, Теарце, Тетово, Чаир, Чашка, Чешиново Облешево, Штип и Шуто Оризари.

Денес активен ден за промоција и кампања имаа кандидатите од најголемите македонски партии.

Кандидатот за Гази Баба, Борис Георгиевски од СДСМ, во Стајковци вети превенција од поплави, додека неговиот противкандидат Тони Трајковски од ВМРО-ДПМНЕ вети реконструкција на фекалната канализација во општината.

Во Штип кандидатот Благој Бочварски излезе на терен во населбата Сењак, за каде најави повеќе поголеми проекти, меѓу кои и нова градинка. Кандидатот од ВМРО-ДПМНЕ Илчо Захариев на своите сограѓани им ветува еднократна парична помош во висина од 6.000 денари за секое новороденче.

Вториот круг од локалните избори ќе се одржи на 29 октомври.

- Реклама -