Исмајлоска-Старова: Да гласаме за промена на името беше услов за на пратеничка листа на ВМРО-ДПМНЕ

Посебно неприфатлив момент за пратеничката Нола Исмајлоска-Старова – една од осумте исклучени пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, е лицемepието на поранешните сопартијци во моментот кога застанале до ѕидот при гласањето за Преспанскиот договор, вели таа во гостувањето во „360 Степени“, кое ќе биде емитувано вечерва во 22:00 часот на ТВ „Алсат“.

Според неа, подготвеност да се гласа за промена на името било услов за секој што сакал да се најде на пратеничката листа на ВМРО-ДПМНЕ на изборите во 2014-та година. Добар дел од пратениците што застанаа покрај ѕидот, вели, биле пратеници токму и во 2014-та.

„Во 2014-та, кога бевме побарани да бидеме кандидати за листи, нели мора и да се согласиш. Прашањето коешто ни беше поставено и беше конкретно кажано беше дали сум спремна да гласам за промена на името. Јас прифатив да бидам пратеничка спремна да гласам за промена на името“, вели Исмајловска-Старова.

Прочитајте и:  Кос: Ќе работам на тоа билатералните прашања да не се увезуваат во процесот на проширување

Пратеничката Даниела Рангелова, пак, зборувајќи за референдумот, вели дека кога го прашала претседателот на партијата – Христијан Мицкоски, откако рекол дека секој може да се изјасни по своја волја, дали доколку излезе на референдум е спротивно на партискиот став, добила уверување дека може да излезе и да гласа и „ЗА“. Истото прашање го поставил и Драган Данев, на што им било одговорено дека не е во спротивност со партискиот став и одлуката на извршниот комитет.

„Но, очигледно не беа искpeни, бидејќи веднаш по нашето излегување нѐ мacaкpиpaa на социјалните мрежи“, вели Рангелова во она што може да се види како најава за вечерашната емисија.

- Реклама -