Видеата на “Исламска држава”, преку кои организацијата придобива нови членови се усовршуваат сè повеќе.
Токму тие се меѓу главните причини терористичката група да добива нови следбеници и успешно да поттикнува крваво насилство.
Не е тајна дека пропагандата на ИД често директно копира ликови и сцени од холивудските филмови, видео игри и музички спотови. Откако се сети да си ја присвои западната култура, групата ефикасно достигнува до нејзината целна публика и го претставува тероризмот како нешто холивудски блескаво, херојски и возбудливо.
Спротивно на некои застарени претстави, религијата воопшто не е водечки елемент во пропагандата на “Исламска држава” – а клиповите имаат силна, модерна визија инспирирана од западните рекреативни примероци.
Овие заклучоци ги прави шпанскиот научник Хавиер Лесака откако испитува 845 видеа објавени меѓу јануари 2014 година и септември 2015 година.
Тој открива дека 15% од нив се директно инспирирани од конкретни филмови и видео игри кои уживаат голема популарност.
Лесака, кој во моментов работи на универзитетот “Џорџ Вашингтон”, смета дека станува збор за нов вид “маркетиншки тероризам”, чии што методи се покажаа доста безпогрешни.
Според пресметките на ОН над 25 000 странски државјани од над 100 земји се приклучија на “Исламска држава” или некоја од нејзините гранки. Минатата година генералниот секретар на ОН потврди во изјава дека странските терористи се зголемени за околу 70% само меѓу средината на 2014 година и март 2015 година.
Масивната аудиовизуелна кампања на терористичката организација има огромен придонес за овој бум – а на организацијата не и недостасуваат канали на кои што ќе ги промовира своите продукции.
Според податоците на Брукингскиот институт поддржувачите на ИД контролираат над 46 000 профили на Twitter, преку кои пренесуваат пораки директно до смартфоните на нивните цели.
Секавично се шират и споделуваат клипови во кои Лесака открил во видеата на “Исламска држава” сцени од филмови како Matrix и V For Vendetta, како и од видео игрите Call of Duty, Mortal Kombat X и Grand Theft Auto (GTA).
Минатата година “Исламска држава” ја покажа својата модифицирана верзија на Grand Theft Auto V наречена Grand Theft Auto: Salil al-Sawarem, со тоа што поднасловот значи “Прославување на мечеви”. GTA е игра која им овозможува на гејмерите неказнето да сеат терор низ големите градови и приградски територии, а преку неа ИД изработи дообработено видео во кое играат егзекутирани ирачки полицајци и експлодираат конвои во пустината.
Друг од клиповите на групата е снимен во перспектива од прво лице, токму на начинот на кој гејмерите играат игри како Call of Duty и други од истиот жанр. Малку по излегувањето на филмот “Американски снајперист”, “Исламска држава” извади свое видео со егзекуции со снајпер од оддалечена локација, само што нивните беа извршени во реално време.
Очигледен парадокс е тоа што терористите користат примероци на модерниот свет, за да ги пренесат своите антимодерни пораки.
Тие ги свртуваат забавните модели на Западот против него самиот, со искористување на вештините и креативноста на западните уметници.
Секако, овој пристап не е нешто ново. Некои го поврзуваат со серијата Why We Fight на холивудскиот режисер Френк Капра за време на Втората светска војна. При задачата да произведе документарци за американските војници и да им објасни “зошто по ѓаволите се во униформа”, тој одлучува дека најдобра опција е да се користи пропагандата на спротивната страна – во лицето на германската режисерка Лени Рифеншал и нејзиниот ” Триумф на волјата “.
Капра користи снимки од овој образец за кино пропаганда и од други нацистички филмови, за да им покаже на војниците против што се соочуваат.
“Нека нивните сопствени филмови ги убијат”, вели Капра. “Нека непријателот ја покаже пред нашите војници целата тежината на својата кауза – и правдата на нашата”.
Денес Хавиер Лесака признава дека пропагандната кампања на ИД е нешто што друга терористичка група не го правела. За прв пат таква организација им зборува директно и секојдневно на своите симпатизери на нивниот мајчин јазик и преку нивните културни примероци.
Заклучокот на Лесака е дека ова става сосема нови предизвици пред борците против тероризмот.
И контратерористичните напори треба да бидат прилагодени навремено, бидејќи “освојување на умовите на младите генерации во целиот свет ќе биде дигитална и комуникациска борба која демократиите не можат да си дозволат да ја загубат”.
ISIL propaganda videos imitate Hollywood to win convertsThe Islamic State’s main recruiting tool isn’t religion; it’s Western pop culture. The similarities are astounding and horrifying—only in ISIL videos, the violence is real.(Warning: This footage contains graphic material)
Posted by Quartz on Thursday, January 7, 2016