Една докторка од Индија моментално е под истрага бидејќи пациентите ги советувала да практикуваат Ислам, бидејќи тоа ќе ги „излечело“.
Министерството за здравство ја стави д-р. Џамема Хајат под истрага откако до надлежните стигна еден бизарен рецепт во кој на еден постар човек, докторката буквално му го препишува Алах. Во рецепт.
„Добивме повеќе жалби. Ја предупредивме неколку пати, но таа одбива да слуша било кого“, вели д-р. Давендра Чудхари.
Ај рецептов, ама докторкава, наместо да препорача медицински третман за едно осумгодишно девојче кое претрпело мозочен удар, ја советувала мајката, исто така, да практикува Ислам. По прегледот, докторката рецитирала стихови од Куранот, а се разбира, запрепастената мајка веднаш потоа го однела девојчето на преглед кај друг доктор.
Опасно е кога доктор ќе се разболи…