Љубителите на светскиот бренд за накит Oxette, во сабота (12.04) ќе добијат можност да станат Oxette модел. Македонскиот застапник на брендот за оваа сабота подготви кампања која го носи името “Jас сум Oxette модел”.
Заинтересираните за учество во кампањата ќе биде потребно да го одберат своето омилено парче накит од Oxette, да се фотографираат и потоа да ја очекуваат објавата на фотографиите на официјалната facebook страна на Oxette Mакедонија.
На оние фотографии кои ќе бидат најмногу споделувани и ќе добијат најмногу лајкови, Oxette Македонија ќе им подари вредносни ваучери.
Настанот ќе се одржи во сабота (12.04) во продавницата на Oxette во трговскиот центар Рамстор, со почеток во 12 часот.