Искористете ја истата вода два пати

Водата ни е неопходна и ја користиме во се поголеми количини. Ви го прикажуваме концептот мијалник + ВЦ школка на дизајнерот Јанг Вусеок кој веќе го прифатија голем број на произведувачи за елементи во бањата.

ecobath

Принципот е сосема едноставен, а се заснова на фактот дека водата за чистење на ВЦ школката не мора да биде чиста како таа од славината за мијалникот. Така, со помош на едноставен механизам, искористената вода во еднаква мера се меша со чиста, и како таква се користи за миење на ВЦ школката.

ecobath2

Станува збор за 50% заштеда. Јанг вели дека идејата ја добил кога ги набљудувал водопадите во природата и движењето на водата во нив. Вистински еко-дизајн.

Прочитајте и:  Пиењето вода пред оброк има неколку значајни придобивки

roca_toilet_2_views caroma_sink ecobath3 ecobath4 ecobath5

- Реклама -