Искористете го бајатиот леб, направете благо (видео рецепт)

Има многу начини да се искористи стариот леб, но во повеќето случаи се работи за нешто пржено или печено, а солено. Ако сепак сте повеќе по благото, особено сладок доручек, рецептов е тоа што го барате.

Потребно ви е:

• стар/бајат леб
• три јајца
• три лажици шеќер
• еден ванилин шеќер
• пола шолја млеко
• масло
• путер
• цимет

Подготовка: 

1. Исечете го лебот на коцки
2. Јајцата изматете ги со млекото, лажица шеќер, и кесичка ванилин шеќер
3. Исецканиот леб натопете го во изматеното јајце и пржете го во врело масло измешано со малку путер
4. Пржениот леб „извалкајте“ го во мешавина од една лажица цимет и две лажици шеќер

 

 

View this post on Instagram

 

French Toast Nuggets 😊 📷 Credits @twisted

A post shared by Foodie Center (@foodiecenter) on

- Реклама -