Искористете ги сезонските јаболка за домашен јаболков оцет

Јаболковиот оцет е кисело овошен пијалок кој се добива со ферментација на сок од јаболко или цели јаболка. Често се користи во готвењето како прелив за салата, маринада или како состојка во разни јадења.

Покрај тоа, често се користи како природен конзерванс, но и како средство за чистење и дезинфекција на домаќинството.
Јаболковиот оцет е многу здрав напиток кој може да помогне за подобро и полесно варење, регулирање на нивото на шеќер во крвта, слабеење и одржување на здрава телесна тежина, како и зајакнување на имунитетот, што е многу важно во претстојната сезона на вируси.
Затоа, искористете ја сезоната на јаболка и покрај прекрасните задоволства како пита со јаболка, направете јаболков оцет кој можете да го користите на различни начини.
Рецепт за домашен јаболков оцет
Потребни состојки:

6-8 зрели јаболка
1 литар вода (филтрирана или зовриена)
100-150 гр шеќер (по вкус)

Подготовка:
Јаболката измијте ги и исечкајте ги на парчиња (не треба да ги лупите или цедите).
Сечканите јаболка ставете ги во стаклен сад или дрвен сад. Додадете шеќер и ставете вода додека не ги покрие јаболката.
Покријте го садот со газа или чиста крпа. Оставете на темно и топло место (околу 20-25°C), 3-4 недели.
Секојдневно мешајте ја смесата за да спречите мувла и осигурајте се дека сокот ферментира рамномерно.
По 3-4 недели, процедете ја течноста преку газа или цедалка во чисто стаклено шише. Отстранете ги тврдите делови од јаболката.
Вратете ја течноста во садот и повторно покријте ја со газа. Оставете уште 4-6 недели, повремено мешајќи.
По овој период, јаболковиот оцет треба да биде готов. Ако сакате киселост, можете да го флаширате, а ако сакате посилна киселост оставете го уште неколку недели.
Чувајте го оцетот на ладно и темно место и користете го по потреба.

Извор