Уметничкиот талент доаѓа во многу различни форми. Кај Пол Смит, се отелотворил преку машина за пишување.
Пол бил роден во 1921-та година, со тешка церебрална парализа. Неговата болест практично значела дека никогаш нема да може да ракува со молив или четка за сликање. Сепак, еден ден, тој открил начин како да црта со обична и стара машина за пишување.
Користејќи само неколку копчиња на машината, Пол успевал да креира прекрасни цртежи, кои од дистанца изгледаат како да се нацртани со фин молив или пастелни бои.
Кога на Пол ќе му кажете „Јас не можам тоа да го направам“, тој ќе праша: „А што можеш?“. Преку ова прашање тој ја упатува својата порака, која и самиот ја следи целиот свој живот – „Прави го она што го можеш и не дозволувај ништо да те спречи“. А тој може многу.
Впрочем, погледнете:
Пол почина во 2007-та година, но неговата приказна продолжува да живее.