Исклучете ја црната: Moдни зимски трендови

Нема причина да бидете тажни и депресивни што надвор е темно и облачно. Барем не, што се однесува до модата. Излезете од сивилото, со тоа што ќе чекорите во боја.
Голем број луѓе својот век го поминуваат носејќи парчиња во црна, темно кафеава, тегет  или сива облека. Меѓутоа, оваа зима тоа е сосема „аут“. Особено кога е во прашање психичкото здравје, бидејќи е докажано дека шаренилото е совршен лек за подобрување на расположението.

Затоа, драги дами, нема причина повеќе да се криете и време да ги промените своите шопинг навики.

kupovina-Foto-tfwww-2-670x446

– Психолозите докажаа дека боите имаат големо внимание на нашето ментално здравје. Па така, топлите, светли бои, како црвената или розовата имаат моќ да го активираат мозокот, односно да ги подобрат расположението и самодовербата, да ја подобрат концентрацијата, а дури и да ја поттикнат сексуалната желба – објаснува Џул Стендиш, авторка на книгата  „ Зошто да не носиме црна боја“ и додава:

Прочитајте и:  Омилениот зимски пијалок може да го намали ризикот од срцев удар, покажуваат истражувања

– Од друга страна, нежните зелени и сини нијанси, го поттикнуваат лачењето на окситоцин, супстанца која не смирува и опушта, вели таа.

Држете се до овие совети кога ќе почувствувате дека е време за нов капут, панталони и џемпер – одлучете се за парчиња во што повеќе весели бои, бо кои самиот живот, па и најцрното секојдневие, ќе биде поубаво.

kupovina-Foto-ElvisFan76-670x893

- Реклама -