Веруваме дека многумина од вас не знаат дека одредените мириси стимулираат различно расположение. На пример, мирисот на лаванда опушта, мирисот на печен леб е пријатен, додека на пример, миризбата на амонијак е одбивна.
Тие можат да имаат големо влијание врз расположението на човекот, да го намалат стресот, да го подобрат сонот, и да ги поттикнат или потиснат физичките способности.
Одличен начин да го доближите до вас вашиот омилен мирис е со помош на миризливи свеќи . Со оглед на тоа што најчесто тие воопшто не се евтини, се чини како најприфатливо решение да си направите самите.
Доколку ова ви се чини како невозможна задача, погледнете го видеото во продолжение кое ќе ве убеди во спротивното.