Градоначалникот на општина Бутел, Велимир Смилевски, одговори на барањата и прозивките, па неодамна започна и организираше акција за чистење на околината околу историски заштитениот објект од римско време, уникатната градба – Аквадуктот.
Овој значаен археолошки локалитет беше запуштен и недостапен заради бројните диви депонии. Во околината жителите фрлаат секаков вид отпад и градежен шут.
Градоначакникот Смилевски објави дека е завршено чистењето на Аквадуктот. Тој изрази благодарност до здружението на стопанственици на зоната Визбегово за нивната поддршка. Најави дека општината продолжува со чистење и средување на околината.