Педесет и две годишната професорка Снежана Тројачанец е пронајдена почината.
Информацијата е споделена на социјалните мрежи во име на синот на Снежана, Филип.
Потрагата по професорката траеше два дена, од вчера наутро кога нејзиниот сопруг забележал дека не е дома.
Според пријавата во МВР, Снежана околу 6 часот излегла од домот и се упатила во непознат правец. Во потрагата се вклучија огромен број граѓани кои го пребаруваа Скопје.
По професорката на факултетот за земјоделски науки и храна, трагаше и полицијата.