Загриженото семејство и пријатели се во потрага по Нормади Фарар, внуката на Леонардо Ди Каприо.
Нормади е ќерка на полубратот на Леонардо, Адам Фарар, кој е уапесен минатиот петок поради поседување на дрога, кражба и вознемирување. Пет дена предходно, полицијата ја уапсила и нејзината мајка, Черити Мур и оттогаш не е познато каде е малото девојче.
Всушност, Адам и Черити побегнале во Тексас за да бидат што подалеку од Калифорнија, каде биле барани од социјалната служба поради занемарување на детето.
„Ситуацијата е многу зафрижувачка. Сега кога и двајцата се во затвор, никој од семејството на Ди Каприо не знае каде се наоѓа Нормади. Не знаеле ни дека Адам и Черити се уапсени“, рекол еден од семејните пријатели.
Сепак, таткото на Черити изјавил дека малата е добро и безбедно. „Ова е бизарно. Можам да ви речам дека Нормади е добро и тоа е се што ќе ви кажам.“