Исчезна сопругот на Клое Кардашиан

Интернет порталот TMZ објави дека Ламар Одом, сопругот на Клое Кардашиан, мистериозно исчезнал откако сопругата го исфрлила од куќата и дека неговите пријатели не може да го најдат веќе 72 часа.

Порталот наведува дека негови пријатели ја потврдиле оваа информација.

2

Клое вчера имаше несекојдневен испад на Твитер каде што го искажа бесот. „Навистина ми е тешко мирно да седам и да слушам како луѓето с**** за моето семејство! Е**** се и засрамете се!“.

Веќе со месеци се шират гласини дека нивниот брак е во сериозна криза особено по написите дека 33-годишниот кошаркар ја изневерил Клое со две жени.

Но, неколку извори за TMZ рекле дека вистинската причина се проблемите со дрога што ги има Ламар.

Khloe-Kardashian-and-Lamar-Odom-Attend-the-E-Upfronts-5-682x1024

Минатата недела наводно семејството Кардашиан организирало интервенција со која сакале да го убедат Ламар да оди на рехабилитација. Тој минатата година беше на клиника за одвикнување, но остана само три недели.

Портпаролот на кошаркарот изјавил дека тој е добро, но дека не сака да каже каде се наоѓа.

Клое и Ламар се венчаа во 2009 години еден месец откако се запознаа.

1

- Реклама -