И порано ве имаме запознаено со работата на Кристина Лозановска – магистер по архитектура чии што огромни страсти се патувањето и фотографијата.
Од нејзината посета во Даблин, таа нè почасти со фотографии што не само што ги прикажуваат убавините, туку и го пренесуваат духот на градот, овозможувајќи ни визуелно да го почувствуваме неговиот здив и за момент да бидеме дел од една ирска бајка – нејзината бајка.
Луѓето кои се занимаваат со фотографирање умеат да украдат момент во кој уживаат несебично. Тие се жедни да го споделат, а ние како рецепиенти сме благодарни што стануваме дел од истиот тој миг.