Иронична песна на маж од Саудиска Арабија стана хит на интернет

Неколку жени од Саудиска Арабија ризикуваа да бидат уапсени и казнети поради тоа што во знак на протест возеле автомобили, а видеото го ставиле на интернет.

Дел од нив кои планирале да учевствуваат во протестот претходно биле предупредени, па се откажале од намерите. Давајќи им на жените поддршка при тоа право, саудиските активисти и комичарот Хишам Фагех снимиле заедно  иронична верзија на популарната песна од Боб Марли „No Woman, No Cry” – “No Woman, No Drive”.

Песната на Јутуб е поставена во саботата, а веќе има 3.500.000 прегледи.

Погледнете како изгледа кога млад Саудиец на ироничен начин им укажува на жените дека имаат право да возат.

Прочитајте и:  „Што носеше кога сама си го бараше?“

Имено, правото на жените за возење во Саудиска Арабија никаде не е начелно забрането, освен во строгите обичаи и усмената забрана.

- Реклама -