ИРЛ: Иницијативата до Уставен суд ја поднел адвокат пред 3 и пол години

Адвокатот Зоран Стојановски од Тетово е подносителот на иницијативата за оценување на членот 11-а од Законот за помилување од 2016 година, објави Истражувачка репортерска лабораторија (ИРЛ).

За „ИРЛ“ Стојановски тврди дека иницијативата ја поднел пред три и пол години, заедно со четири други, набрзо по одлуката на поранешниот претседател Ѓорге Иванов да ги помилува обвинетите 56 функционери. Пред да поднесе иницијатива за разгледување на уставноста на членот 11-а со кој помилувањата се поништуваат, адвокатот поднел иницијатива и за самата одлука на Иванов за помилување на функционерите.

Покрај овие, Стојановски поднел иницијативи и за Одлуката за распуштање на Собранието, Законот за СЈО, Законот за одликувања и признанија.

Од сите овие, Уставниот суд на дневен ред за одлучување ја стави само онаа за членот 11-а, со што се ризикува да се амнестијата на Иванов да се врати во сила и сите обвинети и ocyдени во предметите од СЈО да се cпacат од правдата. Стојановски е зачуден и нема одговор зошто Уставниот суд се решил да се фати токму за оваа и токму сега. Повеќе детали, вклучително и за мотивите на адвокатот, ТУКА.

Прочитајте и:  Ден на албанската азбука: Ниту едно добиено право не може да се укине или ограничи - му порача Меџити на Уставен суд

 

- Реклама -