Ирански генерал: Има над 400 километри тунели под северниот дел на Газа

Началникот на Генералштабот на иранската армија изјави дека има над 400 километри тунели под северниот дел на Појасот Газа.

„Низ некои од нив можат да минат возила и мотоцикли, соопшти генерал-мајор Мохамад Багери на конференцијата за цивилна одбрана во Техеран.

„Некои од тунелите имаат влез во Израел“, соопшти началникот.

Багери тврди дека причината зошто израелската армија чекала да изврши целосна копнена инвазија во Газа е затоа што знае дека таквата операција ќе значи „уште еден пораз“.

МИА

Прочитајте и:  САД ја отфрлаат одлуката на Меѓународниот кривичен суд за апсење на Нетанјаху и Галант
- Реклама -