Иранците го напаѓаа и приватниот дом на Нетанјаху

Целта на иранските балистички ракети денеска биле приватната резиденција на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Цезареја и електраната во Хадера, информираат израелските медиуми.

Иран попладнево испрати нова серија ракети кон Израел, но според извештаите на некои од локалните медиуми, сите ракети биле соборени од израелската противвоздушна одбрана.

Израелските власти соопштија дека граѓаните можат да ги напуштат засолништата низ целата земја, откако претходно беа активирани сирени поради иранскиот ракетен напад.

Конфликтот помеѓу Израел и Иран трае веќе трет ден, откако Израел започна воени акции против Иран со цел да ја уништи неговата нуклеарна програма. Иран возврати со ракетни напади на Израел, во кои загинаа десетици лица од двете страни.