Иран одговори со ракетни и дронски напади на Кувајт и Обединетите Арапски Емирати по нападот на рафинеријата Лаван.

Иран изведе ракетни и дронски напади на Кувајт и Обединетите Арапски Емирати неколку часа по утринскиот воздушен напад врз нафтената рафинерија на островот Лаван, соопшти иранската државна телевизија. Овие напади уследија веднаш по целените напади на нафтените инсталации во Иран.

Националната иранска компанија за преработка и дистрибуција на нафта објави дека рафинеријата на островот Лаван била подложена на „кукавички напад“ наутро околу 10 часот по локално време. Според неофицијалните информации од иранските медиуми, во рафинеријата на југот од Иран беа забележани експлозии, само неколку часа по најавата за двонеделно примирје помеѓу Техеран и Вашингтон. Во моментот нема податоци за евентуални штети или повредени лица.

Прочитајте и:  (Во живо) Бетмен Велит: Кој е организаторот на 27 април? Прашањето е за милион долари!