Иран објави историска победа: „Комплетно се уништи“

Врховниот национален совет за безбедност на Иран денес објави дека е постигната „историска победа“ над САД и Израел по 40 дена војна. Според нивните информации, Вашингтон бил принуден да го прифати иранскиот предлог од десет точки, кој вклучува прекин на конфликтот на сите фронтови, вклучително и во Либан.

Останатите точки се однесуваат на продолжување на иранската контрола над Ормускиот теснец, признание на правото на збогатување на ураниум, укинување на сите основни и секундарни санкции, како и поништување на резолуциите на Советот за безбедност на ОН и Одборот на гувернери. Дополнително, предлогот содржи исплата на отштета на Иран и повлекување на американските воени сили од регионот.

Прочитајте и:  Трамп предупреди на воена интервенција ако Иран не го испочитува договорот, американските сили остануваат во регионот.

Иранскиот врховен безбедносен орган ги опиша последните 40 дена какo едни од „најтешките комбинирани битки во историјата“, во кои Иран и неговите сојузници од Либан, Ирак, Јемен и „окупираната Палестина“ им нанеле силни удари кои „светот никогаш нема да ги заборави“.

„Иран и неговите сојузници речиси целосно ја уништија американската воена машини во регионот, наноcе разорни удари врз огромната инфраструктура и капацитети кои непријателот со години ги градел и распоредувал за војната против Иран“, се вели во соопштението. Исто така, се посочува дека САД по само десет дена од почетокот на конфликтот сфатиле дека не можат да излезат како победници.