Иран е држава во Југозападна Азија. Веќе неколку декади оваа земја се соочува со репутација на небезбедна, проблематична и опасна. Меѓутоа, многумина сметаат дека ваквите стереотипи се должат на лошите односи со западниот свет. Ова е главната причина поради која некогашна Персија не е една од најпосетуваните држави во светот.
Меѓутоа, времињата се менуваат, па според последните истражувања спроведени од „World Economic Forum“, Иран со секоја измината година се претвора во се попримамлива земја за туристите. Всушност, постајат статистики чии резултати велат дека туризмот е зголемен за цели 300 проценти во однос на изминатата година.
Дејвид МекГинис, директор на „Travel the Unknown“, агенција посветена на неистражените места ширум светот, вели дека Иран е една најатрактивните дестинации во моментов. Ваквата промена се должи пред се на магичните пејзажи со кои изобилува, автентичните историски зданија и богатата култура. Освен тоа, оние кои ја посетиле земјата велат дека Иранците се навистина пријателски настроени луѓе кои се секогаш подготвени да помогнат.