Веројатно ниту еден друг производ до сега не предизвикал толку шпекулации, исчекување, дискусии и недоразбирања, уште пред да се појави на пазарот. Но, можно ли е iPhone 5, новото оружје во арсеналот на Apple да не ги оправда очекувањата на корисниците?
Ќе бара поинаква дополнителна опрема
Стандардниот конектор со 30 пинови што Apple го користеја уште од првиот iPod, сега ќе биде заменет со помал конектор со 8 пинови. Тоа е добра вест за иднината, затоа што сега ќе може да се произведуваат потенки и полесни уреди, на кои нема да им пречи тежината од конекторот. Лошата вест е тоа што секој додаток за уредите на Apple произведен во последниве 10 години престанува да биде корисен. Со iPhone 5 ќе треба да купите нови кабли, нови уреди за докирање или во најмала рака да купувате адаптери за постојните. Тоа е нешто што секогаш ги иритира корисниците.
iPhone веќе има сериозна конкуренција
Новиот iPhone е најавен со помоќен процесор, подобра камера, нов дизајн на надворешноста и подобрен оперативен систем. Но, дали тоа ќе биде доволно да се натпреварува на пазарот со Андроид, оперативниот систем на Google којшто го користат преку 65 проценти од сите смартфони на планетава? Пазарот полека го преземаат сериозните компании, како што се Samsung, HTC, LG итн., кои на корисниците им нудат далеку подобри перформанси за многу поразумни цени. Андроид искуството предизвика делот од пазарот на кој доминира Apple да се намали на само 17 проценти.
Дали вие би го купиле новиот iPhone?