Некој решил да продаде неотворен iPhone од првата генерација на eBay и според него телефонот купен за 599 долари сега вреди 10.000.
Телефонот од првата генерација со 8GB меморија е понуден од високо рангираниот продавач samsonbible, кој го опишува како „парче историја“.
„Неверојатно редок колекционерски избор, iPhone прва генерација GB неотворен!!! Ова е парче од историјата!!! Ова е безценет предмет за секоја колекција!!! Сè уште во оригиналната кутија!!! Неотворен iPhone, сон на секој колекционер!!! Ова понуда важи само ограничено време!!! Среќно наддавање!!!“
Телефонот, кој Стив Џобс го најави на 9 јануари 2007 и првпат стана достапен на 29 јуни истата година сега е – според продавачот – вистински колекционерски предмет.