iPhone експлозија (видео)

iPhone Во Франција, Холандија и Велика Британија се забележани неколку случаи во кои iPhone-ите им експлодирале на луѓе в лице. Европската комисија веќе лансираше истрага со цел да ги заштити своите граѓани од евентуалната опасност. Но, пред да заклучите дека вашиот iPhone e темпирана бомба, прочитајте…


Во Франција, Холандија и Велика Британија се забележани неколку случаи во кои iPhone-ите им експлодирале на луѓе в лице. Европската комисија веќе лансираше истрага со цел да ги заштити своите граѓани од евентуалната опасност. Но, пред да заклучите дека вашиот iPhone e темпирана бомба, прочитајте…

iPhoneПостојат неколку извештаи за iPhone-и и iPod Touch-ови кои експлодирале. Во тие случаи, забележани се и повреди кај корисниците, главно од распрсканото стакло од дисплеите.

Последниот случај доаѓа од Франција, кога во еден супермаркет, 26 годишен надзорник се здобил со повреда на окото откако стаклото од iPhone-от кој експлодирал завршило во неговото лице. Претходно iPod Touch се прегреал и скокнал во воздух во Велика Британија, а во Холандија, iPhone се запалил и го стопил патничкото седиште во еден автомобил.

Овие несреќни случаи се должат на литиум-јонските батерии кои се вградени во апаратите. Иако обично не се опасни, истите можат да се прегреат, да испуштат искри и да се запалат (односно експлодираат) во „вистински околности“.

Apple за Ројтерс изјавиле дека знаат за овие случаи и сега чекаат да ги добијат проблематичните апарати за детално да ја истражат целата ситуација. Додека не се спроведе интерна истрага, немале што повеќе да додадат.

Не паничете! Бројот на експлодирани апарати од Apple е минорен во однос на продадените парчиња. Поголеми ви се шансите да ве удри гром или да ви се запалат пижамите во спиење, отколку да ви експлодира iPhone-от. Сепак, вработените во компанијата и одговорните комисии не треба да престанат да работат на комплетно искоренување на опасноста.

За да бидете сигурни, внимавајте! Ако iPhone-от или iPod Touch-от стане екстра жежок, повеќе од вообичаено, исклучете го и однесете го на сервис.

{youtube}uM9MeHodfc8{/youtube}
- Реклама -