Кога се работи за нови оперативни системи, не е невообичаено да видиме некои апликации да паѓат наголемо, со оглед на промените. Но едно интересно нешто за најновиоот iPhone 5s e дека тоа се случува почесто за разлика од поефтиниот iPhone или пак постариот iPhone 5.
iPhone 5s за корисниците во последно време покажува “син екран на смртта”, кој е карактеристичен за Windows оперативниот систем. Проблемот први го забележаа The Verge, за него е дискуритано на заедницата за поддршка на Apple, како и на форуми на MacRumors, па и на Twitter. Изгледа проблемот е поврзано со iWork апликациите — Pages, Numbers и Keynote. Еве видео од еден ваков настан.
[youtube]http://youtu.be/DNw457joq5I[/youtube]
Добра вест е што од Apple се свесни за проблемот, Причината е А7 чипот. Синиот екран на смртта не е првпат на iPhone – претходно се има појавено на iPhone 5, 4S и 4.
Некои корисници сметаат дека проблемот може да се реши со онеспоспбување на синхронизирањето iCloud на iWork апликациите. За ова е потребно да изберете Settings, да изберете iCloud, и да ги исклучите Numbers, Pages и Keynote од листата на апликации.
Текстот е објавен во соработка со SocialNet.Mk