iPhone 5S со поголема брзина за дури 30% од неговиот претходник

Не се знае дали овие подобрувања се однесуваат на графичката карта или процесорот, бидејќи и двете се наоѓаат во A7 чипот.

Според Ming-Chi Kuo од KGI Securities, префрлањето на ARMv8 архитектура може да доведе до 20% поголема ефикасност, додека пак 64 битната поддршка може значително да ја подобри брзината.

Morris откри уште еден детал, а тоа е дека ќе постои и посебен чип кој ќе биде одговорен за motion tracking. Сеуште не се знае целта на ова, но се претпоставува дека станува збор за постпроцесирање на сликите, односно манипулирање на дигиталната слика откако сте ја фотографирале.

Како што се наближува 10-ти септември, се повеќе сфаќаме дека новиот iPhone ќе биде само хардверска надградба на стариот модел, односно нема да видиме големи иновации. Дали ова ќе биде доволно за да ве привлече да го купите?

Текстот е објавен во соработка со telefoni.com.mk

- Реклама -