iPalm гаџет за користење телефони (видео)

телефониПрво беше создадено копчето, па тачскринот – а во иднина воопшто нема да имаме ни телефони. Научници создале начин за корисниците на мобилни телефони да ги употребуваат своите направи без воопшто да ги допираат.

Технологијата користи светлосни сензори кои ги набљудуваат движењата на раката по дланката на корисникот по што ги пренесуваат информациите до телефонот. Ова значи дека корисниците би можеле да пропуштаат повици без да го вадат телефонот од џеб, а во зависност од снаодливоста дури и би можеле да пишуваат пораки на својата рака.

Во експериментите светлосните сензори биле поврзани со камера поставена на главата на корисникот, но истражувачите се надеваат дека еден ден целиот систем би имал големина на копче. Тимот од Институтот Хасо Платнер на Потсдам Универзитетот во Германија верува дека овој систем – наречен “iPalm” – би можел да има и други апликации покрај телефоните и би можел да го направи користењето на далечински управувач многу полесно.

{youtube}aCARtauIS50{/youtube}

Тие извршиле тестови врз 12 доброволци и заклучиле дека 68 проценти од корисниците на iPhone можеле да ги лоцираат своите омилени апликации без воопшто да гледаат во телефонот. Со тие информации тие создале технологија слична на детекторот на движење Kinect од Microsoft, па кога корисникот ја движи раката по својата дланка, истото движење е повторено врз екранот на телефонот. Водачот на проектот, Патрик Баудиш рекол дека се надева да ја смали камерата до тој степен што таа би била речиси незабележлива.

Тој изјавил: „Замислуваме камера која ќе биде толку мала што же може да се интегрира во облеката, како копче за кошула, брош или приврзок. Луѓето не би ни забележале дека некој носи замислен телефон. Замислуваме дека корисниците ќе започнат да ги користат своите замислени телефони како побрз начин за употребување на телефоните во нивните џебови. Со стекнувањето искуство корисниците би можеле да ги остават своите телефони дома и да го поминат целиот ден со замислен телефон.“

- Реклама -