Можеби сте чуле дека куќата на Стив Џобс била ограбена минатиот месец. Еден од украдените предмети бил и сребрен iPad од 64 гигабајти.
Денес има вест од Mercury News од Сан Хозе кои велат дека тој iPad бил најден на необично место – во рацете на Кловнот Кени кој заработува забавувајќи деца и туристи во околината на заливот во Сан Франциско.
На неговиот Twitter Кени се опишува себеси и како „кандидат за градоначалник“ и „учител-замена“. Според Mercury News: „Тој не знаел дека направата потекнува од домот на Џобс додека пријателот кој му го дал гаџетот бил обвинет за кражбата. До тогаш полицијата веќе се појавила во неговиот дом и направата била одземена.“
„Ова би било како да добиете фудбалска топка украдена од домот на Џо Монтана“ рекол 47 годишниот професионален кловн чие вистинско име е Кенет Кан. „Чудно е, навистина чудно.“ Весникот продолжува: „Полицијата вели дека Карием Мекфарлин, 35 годишен жител на Аламеда, му го дал iPad-от украден од домот на Вејверли Стрит на 17 јули. Мекфарлан ѝ дал друг iPad на својата ќерка.“ [Kenny the Clown had Steve Jobs’ stolen iPad]