Инжинерите со Volkswagen, aдвокатите со BMW

Професорoт Волфганг Бишоп од Универзитетот во Розенхајм ги анализирал податоците на 56.000 автомобили осигурени во Германија. Тој посебно направил анализа на најпопуларните автомобилски марки во Германија и професијата на нивните сопственици.

Лидерот на пазарот Volkswagen, се стекнал со популарност меѓу сите професионални групи. Меѓу економистите ваков автомобил поседуваат 23%, кај докторите и стоматолозите 21%, но најдобро претставена е групата на инженери – 25%. Според популарноста кај инженерите на второ место е BMW со 13%, трет е Mercedes-Benz со 9%.

Истражувањето потврди, но и демантира и некои стереотипи. Во Германија се смета дека претставниците на занаетчиските професии преферираат Opel и Ford, но анализите на Бишоп тврдат дека фаворит на лакерите е Opel, а на електричарите Ford. Најпосакуван кај адвокатите е BMW.

- Реклама -