Најверојатно нема човек кој ги нема видено фотографиите од канцелариите на Google. Ретки се и оние кои не посакале да работат таму. Но овие фотографии од работните простории на Inventionland ги прават канцелариите на Google да изгледаат многу здодевно.

Inventionland е компанија сместена во Питсбург која создава изуми, во просек создава по околу 2000 нови изуми годишно. Компанијата е сместена на површина од 6500 метри квадратни, и е поделена на 15 оддели, секој со различна тема. Меѓу одделите има пиратски брод, патеки за тркање, лажни пештери, замок, џиновски робот па дури и оддел кој изгледа како куќа сместена во џиновски чевел. Покрај тоа што просторот е исполнет со забавен, креативен декор, има и студио за анимација опремено со најмодерната аудио/видео опрема каде што вработените можат да создаваат прототипи на нивните изуми. Вработените дури имаат и специјално име, тие се познати како “Creationeers” и носат бели мантили.