Роботска инвалидска количка која може да се качува по скали (видео)

Истраживачите од Чиба Институтот за Технологија во Јапонија создале инвалидска количка со четири нозе која може да се искачува по скалила и преку други препреки.

Количката цело време го чува корисникот во стабилна положба додека се движи преку нерамен терен. Како и секоја инвалидска количка, и оваа користи тркала за движење наоколу. Но придобивката на овој дизајн е што подвижните нозе можат да се движат преку препреки.

{youtube}t2SHKyq5yCU{/youtube}

Корисникот користи џојстик за управување на количката а серија сензори автоматски одредуваат дали движењето подразбира нормално возење или искачување. Уникатниот дизајн ѝ овозможува на количката да ротира во место со што се олеснува движењето во тесни простори. [Robotic wheelchair from Chiba Tech turns wheels into legs and climbs over steps]

Прочитајте и:  Робот со вештачка интелигенција киднапирал 12 колеги
- Реклама -