„Во 42-та минута, над теренот се појави летечки објект, на кој беше закачено знаме на Голема Албанија“, пишуваат српските медиуми. Српските навивачи полуделе, а Стефан Митровиќ успеал да го дофати знамето со намера да го скине, но на него веднаш се вдале албанските фудбалери и Џака и Лила, на што реагирале српските фудбалери, по што настанала општа тепачка. Судијата ги испратил играчите во соблекувалните, а прекинот траел цели 70 минути. По барањето на гостинските играчи да се испразни стадионот, како единствен услов за да ја продолжат средбата, натпреварот е суспендиран. На официјалниот сајт на ФИФА стои дека средбата е прекината заради вознемирувачки случувања на теренот.
Еве го видеото од настанот:
Мечот беше прогласен од УЕФА како меч со висок ризик, а на гостинските навивачи им беше сугерирано да не одат во Белград.