За многу мажи пронаоѓањето на видео од сопствената сопруга на порно страница би било непријатен шок, но не и за NBA ѕвездата Ламар Одом, познат како сопругот на Клои Кардашијан.
Во најновата епизода на шоуто „Keeping Up With The Kardashians“, прикажана е реакцијата на Ламар и Клои откако тој и раскажал дека на порно страна го пронашол нејзиното видео во кое се гледа како таа лежи гола во када преполна со лижавчиња. Видеото било снимено во 2010-та година а било наменето за Ламар каде му порачува: “Вечерва играше одлично. Сакам сега да дојдеш дома и да се бањаш со мене во кадава.“
„Мачно ми е од фактот што видеово се наоѓа на порно страна“ и рекла Клои на мајка и Крис која на ова одговорила: „И јас ќе направам едно вакво слатко видео“.
„Ова е одвратно“, додала Клои.