Пејачката Емина Јаховиќ Сандал објави видео снимка од своето породување од 2008-ма година.
Така, со јавноста сподели еден од најинтимните моменти во животот.
„Сега кога го гледам своето породување си велам дали е возможно да сум била толку храбра, но во тој момент Бог ви дава сила и храброст за да можеш сите тие работи да ги поднесеш. Воопшто не се лесни, но тие се толку убави и прекрасни моменти во животот“, рекла пејачката.
Првата објавена снимка од тој вид одекна низ регионот и разнежни многумина. Дали и вас?