Интимна хигиена при патувања

Многупати сме кажале дека интимните делови се многу чувствителни на нив треба добро да се внимава, особено кога се патува. Ова важи и за мажите и за жените, но сепак ќе се задржиме на жените, бидејќи интимните делови на мажите не бараат некоја особена грижа освен секако редовна хигиена.

Користете долна облека од памук

Долната облека е пожелно да биде памучна, бидејќи синтетичката е посклона кон развивање на бактерии. Исто така долната облека треба да ја менувате задолжително еднаш дневно за да ја подобрите хигиената, односно да го намалите ризикот од габични инфекции.

Веднаш по симнувањето од автомобилот променете ја долната облека. Долгото седење на седиштата од автомобилот или автобусот ја зголемуваат влажноста, а со тоа и ризикот од бактерии. Исто така пред патување, задолжително облечете памучни гаќички. Внимавајте да бидат што потенки за да може да оставите простор за влегување на воздух и правилно дишење на оваа регија.

Прочитајте и:  „Што носеше кога сама си го бараше?“

Не заборавајте на средствата за интимна хигиена

Вашиот шамон за интимна хигиена секогаш нека биде со вас. Двојно зачестете ја хигиената на интимните делови бидејќи на одмор ќе влегувате во вода и ќе бидете подложни на многу поголем ризик од инфекции. Кожата и во оваа регија ќе има интензивно потење, при што ќе се зголемува влажноста, а со тоа и ризикот од инфекции.

Менструацијата нека не ве изненади

Како да не изненади? „Знам декa за време на седумте дена нема да добијам, а со тоа и немам потреба од грижа“. Вака ќе размислувате вие, меѓутоа можете да згрешите, особено ако отпатувате некаде подалеку.

Поради промена на климата, менструацијата може да ве изненади и да дојде кога најмалку ја очекувате. Секогаш со вас имајте влошки или тампони кога сте на патување, без разлика дали е време за циклусот или не.

Објавено во соработка со За Здравје.

- Реклама -