Интернетот го промени разбирањето за луксуз

Луксузот повеќе не е истиот како и пред 5 години и причина за тоа е интернетот. Ова го покажува последниот извештај на лондонската компанија Martini Media, цитиран од Luxury Daily.

Според истражувањето вкусот на купувачите на луксузни стоки веќе не е ориентиран само кон ексклузивните производи, типични за одредена класа, туку кон поретки понуди. Фактор за ова е интернетот, кој влијае на изборот на поединечните купувачи. Според истражувањето има промена и во методите за рекламирање на луксузни стоки, кои се насочени првенствено кон онлајн просторот.

„Пред сè можам да кажам дека количината на корисниците на луксузни стоки се зголемува многу брзо, особено во САД и тоа ќе предизвика промени”, коментира директорот на Martini Media, Ерик Павелка.

Покрај промената во маркетинг стратегиите, интернетот влијае и врз причините и побарувачката на скапа стока. Проширувањето на употребата на мобилниот интернет и фактот дека многу луѓе се потпираат на својот телефон за пребарување и купување на стоки, води дотаму што за луксузните марки станува сè повеќе важно да се онлајн. Според извештајот  83% од купувачите на луксузни стоки поминуваат извесно време на интерет, истражувајќи го саканиот производ, пред да го купат.

- Реклама -