Дали би сакале имплант во вашиот мозок преку кој би користеле интернет? –
ова е прашањето на кое биле анкетирани 10.000 возрасни американци и на кое дури
11% одговориле дека тоа му изгледа како одлична идеа и дека би сакале такво
нешто веднаш. Пред и вие да помислите
така прочитајте ги следните аргументи.
Дали би сакале имплант во вашиот мозок преку кој би користеле интернет? –
ова е прашањето на кое биле анкетирани 10.000 возрасни американци и на кое дури
11% одговориле дека тоа му изгледа како одлична идеа и дека би сакале такво
нешто веднаш. Пред и вие да помислите
така прочитајте ги следните аргументи.
Дали тврдењето
дека „приватноста на интернет е илузија" сеуште звучи претерано?
Денес многу
често се тврди дека приватност на интернет не постои и дека не постои нешто што
се прави онлајн, а што не може да биде откриено. Можеби ваквите тврдења сеуште се претерани,
но за среќа нашите мисли во главата сеуште се само наши. Не постои гаранција дека тоа ќе остане така од
моментот кога хардверот ќе стане дел од нашите мозоци. Една работа е да се
споделуваат мислите преку онлајн самоизразување – кога самите избираме што ќе
споделиме, а друга можноста од губење контрола врз тоа кој има пристап до
нашите скриени мисли.
Сеуште немаме
контрола врз нашите сопствени податоци онлајн
Голема е
тешкотијата да се одржи поголема контрола врз податоците и информациите кои ги
создаваме во постоечките веб апликации.
Нема причина да веруваме дека креаторите на имплантите би имале поголема почит за нашите мозоци одошто
имаат за нашите пребарувачи.
Луѓето веќе се
жалаат на проптовареност со информации
Користењето
интернет и на стариот начин – преку десктоп компјутер е сеуште предизвик.
Напреднатите интерфејси можат да направат голема разлика, но веројатно треба
најпрво да пробаме да воспоставиме контрола на друг начин пред проблемот со
оптовареност на информции да навлезе директно – во нашите глави.
Мобилните
телефони веќе отидоа многу напред
Ако веќе сакате
мобилен и секаде достапен интернет не ви е потребен имплант – набавете си iPhone
Дали губиме
контакт со дел од онаа култура која вклучува читање книги,одење на театар…
Да, веб
апликациите вклучуваат интерактивно искуство на повеќе нивоа, но дали кога сте
посакале искуство кое го вклучува вашиот ум на повеќе нивоа и вашите сетила во
исто време сте помислиле да појдите во-театар.
Ако во следнава
декада Google не почне да нуди бесплатни имланти за
интернет, ќе биде изненадувачки. Некои
шпекулираат дека интернет
ќе го контролира целото тело до 2020 година преку сајбер костими за целото
тело кои ќе можат да симулираат сензации од реалниот свет (претпоставките се
дека најмогу ќе се користат за сајберсекс и онлајн игри) , но и веројатно некои
нови сензации кои креаторите на виртуелна реалност ќе можат да ги генерираат и
за кои сега не можеме ни да претпоставуваме.
Па тоа и не
изгледа баш како далечна иднина, напротив. Можеби е време да се размислува однапред за таквите хардверски решенија,
додека сеуште можеме да мислиме со своите глави.