Интернет-хит: За што служи полицијата?

Фотографијата стекна популарност со огромна брзина и предизвика лавина од позитивни коментари, што е прилично ретко.

Случката се одвивала вака:

На полицаецот што го надгледувал училиштето, кое патем важи за училиште со многу висока стапка на малолетничка деликвенција, му пришло едно дете.

– „Дали сте вие полицаец?“ – прашало момчето.

– „Да“ – одговорил зачуден полицаецот.

– „Мајка ми ми рече дека ако некогаш ми затреба помош, треба да се обратам на полицаец. Навистина ли е така?“

– „Така е“ – одговорил полицаецот сеуште збунет.

– „Можете ли, тогаш, ве молам, да ми помогнете да ги врзам врвките?“

Полицаецот, се рабира, прифатил, па така настанала оваа фотографија.

Сепак, она што ги предизвика пофалните коментари не е љубезноста на полицаецот, туку пораката на мајката и сликата за полицијата што таа му ја пренела на своето дете: „Полицијата не е тука за да ги апси лошите деца, туку за да им помогне на децата на кои им треба помош“. Зарем не е така?

pertla[1]

- Реклама -