Интернационална убавина (трет дел)

intro_ubavina_3.jpg Последен и веројатно најдобар дел од пакетот интернационална убавина. Прошетка низ Колумбија, Нигерија, Израел, Данска, Германија, Бразил и Србија. Жени со прекрасен изглед и големи срца…

Колумбија – Sofía Vergara
sofia-vergara.jpgsofia.vergara.jpgsofia_2.jpg 

Оваа природна русокоса која го освојува светот како бринета почна како водителка на емисија за патувања. Добитник е на Woman of the year за 2000 година, а во 2002 г. стана првата колумбијка која ја доби наградата Women of Hope. Софија е кума на непрофитната организација "Мир и надеж за децата на Колумбија" основана во 2001г. Таа им плати школување на 600 деца од незиното родно место Barranquilla, а една болница доби нејзина донација за изградба на педијатриски онколошки центар. Меѓу другото таа е гласноговорник и на Американската Асоцијација на Дијабетичари. Софија има и непогрешливо чувство за бизнис, во 2004 година создаде сопствен моден бренд, преку кој вработи дури 1500 луѓе, секако сите од Колумбија.  

sofia_vergara.jpg 

Sofía е комичарка која ги водеше American Comedy Awards на Fox во 2001 година, Може да ја видите и во Soul Plane, Lords of Dogtown, Four Brothers, Chasing Papi, како и во сериите Hot Properties и Dirty Sexy Money. Оваа поранешна студентка по стоматологија е самохрана мајка на 14 годишниот син Маноло.

sofia-vergara-maxim.jpg 
sofia-vergara-maxim-2.jpg 

Иако ја нарекуваат латино Памела Андерсон, кај Софија се е природно, а самата кажува и дека одлично танцува. "Шакира е од мојот роден град, и сите тука играме така уште од раѓање." На прашањето дали пријателите на нејзиниот син зјапаат во неа кога ќе дојдат на гости вели "Не, навикнати се на мене, а и не шетам по танга дома. Покрај тоа, син ми вели дека сум страшна, во мобилен сум му запишана како Der Fűhrer". Инаку, оваа фотосесија е снимена за Maxim јули 2008, а Sofia има 35 години.

Нигерија – Oluchi Onweagba
oluchi_onweagba.jpg 
oluchi-onweagba_.jpg 
oluchi_onweagba_2.jpg 
o_onweagba_3.jpg
Фамилијарен пријател ја наговорил да се пријави на изборот за Лице на Африка во 1998 година. По победата, Elite Model Management кои биле дел од континенталниот избор й понудиле 3 годишен договор и така, на свои 17 години ја почнува светската модна кариера. Се појави на насловните страни на познати модни списанија како Vogue и ELLE, стана ангел на Victoria’s Secret во 2004 година, а неколку години по ред е дел од Sports Illustrated Swimsuit Issue. Како една од најпознатите модели од Нигерија, таа не ги заборава своите корени и постојано волонтира во непрофитни организации кои го помагаат развојот на нејзината татковина. А, спомнавме и дека нејзиното име значи "Божјо дело"?

Израел – Bar Refaeli
bar-refaeli_.jpg 
bar_refaeli_2.jpg 
bar_rafaeli_3.jpg 

Таа е првиот израелски модел кој се појавил во Sports Illustrated. Во Израел глумела во ТВ серија, а во 2009 година ќе ја видиме во трилерот Session на израелскиот режисер Haim Bouzaglo. Bar волонтира во непрофитната организација Project Sunshine која им помага на тешко болни деца. Таа е дел и од Ahava, организација на љубители на животните во Израел преку која ги спасуваaт напуштените миленичиња. Нејзиното име често е во таблоидите поради љубовната врска со Leonardo DiCaprio.

Данска – Helena Christensen
helena_christensen.jpg 
helena_christensen_2.jpg 
helena_christensen_3.jpg 
helena_christensen_4.jpg 

Со мајка од Перу и татко од Данска, Helena ги добила најдобрите гени кои ја направија една од најпознатите супермодели на светот. Учествуваше во неброено многу ревии, модни капмањи и реклами, а остана запаметена и како девојката од спотот за Wicked Game на Chris Isaak. Таа има антикварница на Менхетен, а беше дел и од основачите на списанието Nylon. Хелена е и фотограф, нејзините фотографии се имаат појавено во списанија како Marie Claire и ELLE, како и на самостојна изложба во Ротердам. Таа е активно вклучена во капмањата за борба против рак на дојка.

Германија – Heidi Klum
heidi_clum_seal.jpg 

Најпознатиот ангел на Victoria’s Secret е неверојатно успешниот супермодел Heidi Klum. Освен како модел, таа се покажа и како дизајнер на облека, чевли, накит, костими за капење, долна облека и парфеми. Во 2004 г. ја напиша Heidi Klum’s Body of Knowledge, биографска книга во која ги кажува и своите совети за како се станува успешен. Таа беше гостин колумнист за веб страната на RTL, а нејзин есеј е објавен во Die Zeit. Таа е водител, судија и копродуцент на реалното шоу Germany’s Next Topmodel, а во 2004 година стана водител, судија и извршен продуцент на Project Runway, реално шоу за кое таа 4 пати беше номинирана и еднаш ја освои наградата Emmy.
Ја играше Ursula Andress во The Life and Death of Peter Sellers, се појави и во филмовите Ella Enchanted, 54 и Blow Dry, а гостуваше и во епизоди на сериите Spin City, Sex and the City, CSI: Miami, How I Met Your Mother и Yes, Dear. Нејзината заработка за 2008 година е околу 14 милиони долари, со што стана втора на листата на најплатени модели, веднаш по Gisele Bündchen. Heidi има три деца и мажена е со пејачот Seal.

heidi-klum-will-ferrell_01.jpg 
heidi-klum-will-ferrell_02.jpg

Heidi и актерот Will Ferrell направија духовита ретро фотосесија за Sports Illustrated Swimsuit Issue 2008.
heidi-klum-will-ferrell_3.jpg 
heidi-klum-will-ferrell_4.jpg 
Погледнете ги нејзините последни топлес фотографии.

Бразил – Adriana Lima

adriana-lima-gq.jpg
adriana-lima--gq.jpg 
adriana__lima.jpg

 Adriana била откриена на 13 години, на 15 победила на бразилскиот избор Ford Supermodel of the World, а сега е супермодел кој заработува како ангел на Victoria’s Secret и заштитно лице на козметиката Maybelline. Постојано е на насловните страни на светските списанија, особено на GQ, како и на календарот на Pirelli за 2005 година. Во 2001 година го сними краткиот филм The Follow заедно со Mickey Rourke и Clive Owen. Освен нејзиното залагање за првата на животните, таа постојано помага во проширувањето и работењето на сиропиталиште во нејзиниот роден град.

Србија – Ана Ивановић
anaivanovichello.jpg 
anaivanovic-fhm.jpg
ana_ivanovic_fhm.jpg 
ana_ivanovich.jpg 

Родена е во 1987 година, а сега е тенисерка број еден во светот со 6 ВТА и еден гренд слем турнир. Таа победи на French Open 2008, каде беше втора во 2007 година. Нејзиниот изглед ја направи уште попопуларна, па се појави на страниците на многу светски списанија како Vogue, FHM, Hello, Corriere della Sera и Sports Illustrated. Освен тоа, прекрасната Ана е и амбасадор на УНИЦЕФ за Србија. Официјалната страна на Ана.

Интернационална убавина прв и втор дел

- Реклама -