Во неговата нова книга, Devour, фотографот Кристофер Јонасен фотографира стари, употребувани и речиси уништени тави и тенџериња. Но тој го прави тоа на специфичен начин кој создава илузија на совршени стари планети и месечини.
Крисотфер Јонасен е фотограф со силен фокус на лични проекти. Тој во своите дела истражува теми како внатрешни процеси, убавина во мали нешта, постоењето и човечката состојба. Тој работи речиси исклучиво во серии и има темелен пристап кон проектите.