Луѓето и кучињата живеат еден покрај друг веќе 15.000 години, но сепак со секое ново истражување ние учиме нешто ново за нив. Еве неколку интересни факти за нашите миленичиња:
-Кучињата ги добиваат истите болести како и луѓето, од најтешките заболувања како ракот до најобичната настинка. Добрата страна е тоа што лековите што ги користиме ние, исто така функционираат одлично и на кучињата!
-Можат да ги намирисаат заболувањата. Во последнава декада има многу истражувања за способноста на кучињата да ги намирисаат следниве заболувања: рак на бели дробови, дојка, кожа, простата и мочен меур. Тие се практикуваат и за навремено известување кај дијабетичари и заболени од епилепсија. Посебно интересно е тоа што нивната реакција е пред било што да осетат заболените од дијабетис и епилепсија.
-Можат да бидат интелегентни како 2 годишни деца. Истражувањето спроведено од American Psychological Associatio во 2009, докажало дека одредени раси имаат капацитет да разберат и до 200 зборови. Интересно е тоа што поинтелегентни биле новите раси како пудлите, германските овчари, златните ретривери, за разлика од постарите како булдозите и бигловите.
-Кучињата можат да почуствуваат завист. Доколку кучето примети дека други кучиња се наградени за истиот трик што тој го направил, а не бил награден, ќе започне да се чеша, да ги избегнува погледите на другите кучиња и ќе биде полесно раздразлив. Сепак зависта на кучињата, не е развиена како кај луѓето. Нив не им пречи доколку едни јадат леб а други колбаси!
-Кучињата не чуствуваат вина кога ќе им се развикате за нешто што погрешиле. Митот за “виновните очиња” е само, тоа мит. Погледот што го даваат е само реакција на вашето однесување и знак на потчинетост! Но сепак, кучињата знаат кога згрешиле но нивниот импулс е предоминантен.
-Нивниот животен век е условен од темпераментот и големината! Доколку имате големо и темпераментно куче, не може да очекувате дека ќе живее долго, за разлика од помалите и мирни кучиња кои можат да живеат и над 20 години.
-Најбројни варијации во изгледот помеѓу цицачите имаат кучињата. Огромна е разликата помеѓу черепот на шарпланинецот и черепот на пекинезерот. Сите овие разлики и помагаат многу на генетиката да дојде до одредени факти.