Сергеј Брин и Лари Пејџ успееа од Google да изградат една од најуспешните светски компании која има големо значење во нашите секојдневни онлајн животи. Успехот на Google фасцинира, а и најжестоките критичари мора да признаат дека се работи за малку необична компанија која постави нови стандарди во работењето.
Сергеј Брин и Лари Пејџ успееа од Google да изградат една од најуспешните светски компании која има големо значење во нашите секојдневни онлајн животи. Успехот на Google фасцинира, а и најжестоките критичари мора да признаат дека се работи за малку необична компанија која постави нови стандарди во работењето.
Иако го користиме Google секој ден, постојат некои факти за кои малку се знае, особено оние поврзани со почетоците на Google. Еве неколку од нив.
Логото на Google одвреме навреме се менува со цел да се обележи некој настан од историјата како годишнината од слетувањето на месечината или СП во фудбал. Google Doodle, односно прилагодените логотипи на Google настанаа на самите почетоци на компанијата како средство за комуникација со корисниците – Брин и Пејџ еден викенд во 1998 посакаа да го поминат на фестивал во Невада, а за на корисниците да им испратат порака дека не се во канцеларија го поставија следново лого:
Заштитното куќиште на првиот уред за складирање податоци, од времето кога Google беше само проект на Стенфорд под името BackRub, беше направено од лего коцки. Уредот можеше да складира 40GB податоци, а причината зошто беа употребени лего коцки е заради нивната флексибилност – лесно и без дополнителни трошоци можат да се состават и растурат. Се вели дека токму шарените коцки се задолжени за шарените букви со кој се испишува името на компанијата.
Пораката која Google ја остави на Twitter во февруари 2009, изгледаше вака „I’m 01100110 01100101 01100101 01101100 01101001 01101110 01100111 00100000 01101100 01110101 01100011 01101011 01111001 00001010.“ Нулите и единиците всушност значат „I’m feeling lucky“.
Ова не е една од познатите априлски шеги на Google. Компанијата навистина изнајмува по 200 кози (плус чувар на козите и куче) за да ја „искосат“ непотребната трева околу седиштето на компанијата. Ова е еколошки начин и како што велат од Google козите се „многу послатки за гледање, одошто косилките за трева.“
Денес очекуваме логото на Google да се наоѓа точно на средината на страницата за пребарување. Меѓутоа, центрираното лого е воведено дури во 2001, а се дотогаш го красеше извичник кој многу корисници го поврзуваа со најголемиот конкурент на Google – Yahoo!
Googleplex е само по себе импресивно место со бројни интересни декорации и предмети. Сепак, малку е необично тоа што во дворот се наоѓа скелет од T-rex кој го нарекуваат Стен, а кој некогаш живеел токму на местото каде денес се наоѓаат канцелариите на Google.