Нашите глави се преполни со бескорисни информации, факти и грешни претпоставки. Некои од нив се интересни, а некои дури може и да ни помогнат кога сме во небрано. Еве неколку интересни факти кои можеби не сте ги знаеле.
1. Слонот е единственото копнено животно кое не може да скокне.
2. Најсилниот мускул во човековото тело е јазикот.
3. Статистички гледано, луѓето повеќе се плашат од пајаци отколку од умирање.
4. Сите четири кралеви во шпил карти претставуваат по еден вистински крал:
– Лист: Кралот Давид
– Детелина: Александар Македонски
– Срце: Карло Велики
– Баклава: Јулие Цезар
5. Сетилото за вкус на пеперутките е во нивните нозе.
6. Лебарките можат да живеат до девет дена без нивната глава, по што умираат од глад.
7. Сите поларни мечки се левучари.
8. Ако го помножите бројот 111.111.111 самиот со себе ќе добиете 12.345.678.987.654.321.
9. Кога првите Англичани пристигнале во Австралија тие забележале чудно животно кое скока високо и далеку. Сакајќи да дознаат како се вика, тие го имитирале животното во присуство на Абориџините, кои одговарале “Kan Ghu Ru”. Така кенгурот го добил своето име. Проблемот е што фразата “Kan Ghu Ru” значи „не ве разбираме“.
10. Физички е невозможно да го допрете сопствениот лакт со усните.