Огледалата можат да послужат за многу повеќе работи отколку само да ни го покажуваат одразот кога ќе застанеме пред нив. Погледнете ги најинтересните и најоригиналните интерактивни огледала кои покрај својата основна функција, прават нешто плус или барем го рефлектираат одразот на уникатен начин.
Огледалата можат да послужат за многу повеќе работи отколку само да ни
го покажуваат одразот кога ќе застанеме пред нив. Погледнете ги
најинтересните и најоригиналните интерактивни огледала кои покрај
својата основна функција, прават нешто плус или барем го рефлектираат
одразот на уникатен начин.
„Паметното огледало“ содржи 50 инчен плазма монитор, скриена камера и контролен панел. Извртете се пред огледалото, стиснете копче и видете како ви стои облеката што ја имате на себе од секој агол.
Овој телевизор од Philips е како и секој друг, но кога не се користи изгледа и рефлектира како огледало.
Ова е едно концепт-огледало кое е поставено во еден бутик на Менхетен. Купувачката стои пред огледалото на кое виртуелно се прикажува избраната облека. Со помош на камерата, се фаќаат слики кои директно се праќаат на Интернет. Корисниците кои се online ги кажуваат своите мислења кои се прикажуваат на огледалото како текст и предлагаат нови парчиња облека кои виртуелно се прикажуваат пред купувачката.
„Убедливото огледало“ е производ на компанијата Accenture кое наместо да прикажува вистински одраз од вашиот лик, ве слика со помош на вградената камера, сликата ja процесира и на крајот ви покажува како ќе изгледате кога ќе бидете стари.
„Замаглените огледала“ во купатилото ќе ви овозможат да играте игри додека се бањате. Доколку бањата не се користи и нема пареа во просторијата, овие огледала произведуваат распрскани слики од секој што ќе влезе.
Следното огледало се вика „+336+огледало“ кое ќе ви ги прикажува СМС пораките од вашиот мобилен телефон кога ќе му се доближите доволно близу.
„Рекламните огледала“ се инсталираат по јавните тоалети и имаат за цел да им претставуваат брендови и производи на луѓето кои ги посетуваат тоалетите во кафе-баровите и ноќните клубови.
Концептот „Монтажна соба“ ќе ви овозможи да се фрцкате пред големото огледало со новите парчиња облека, да им пратите слика на вашите MySpace пријатели и веднаш назад да добиете дозвола за испланираниот имиџ.
„Брановидното огледало“ користи 768 посебни ленти кои се меѓусебно проткаени во вид на мрежа. Кога некој ќе помине пред ова огледало, лентите го менуваат својот интензитет и создаваат реален одраз од она што е пред него.
Следни се интерактивните дрвено и црното алуминиумско огледало на Даниел Розин.
Бесконечно интерактивните огледала се концепт кој беше искористен на неколку автомобилски шоу случувања, од кое првото беше во Чикаго во 2006 година. Инсталацијата се состоеше од три 8 x 3,5 инчни панели од рефлектирачко стакло, поставени еден покрај друг и прикажувајќи различна содржина од проектор. Луѓето што стоеле пред овие стакла можеле да го видат сопствениот одраз во комбинација со проектираната содржина. Специјалните сензори препознаваат кога некој минувач ќе се доближи до огледалото и му посакува добредојде, по што тој може да навигира низ проектираните содржини без воопшто да ги допира.