Интер заинтересиран за Донарума

Џиџио Донарума и во минатото беше поврзуван со враќање во својата Италија, но „Скај Спорт Италија“ тврди дека ова сценарио сега добива пореална основа поради интересот од страна на Интер.

Актуелниот шампион во Серија А мора да обезбеди долгорочно решение за голманската позиција и како наследник на Јан Зомер го одредил токму италијанскиот репрезентативец.

Спортскиот менаџмент на Интер е убеден дека Донарума е најдобро решение, а истовремено ќе му овозможи на голманот да се врати во својата земја и градот во кој живееше и настапуваше и пред трансферот во ПСЖ.

Сепак, ваквиот потег ќе му создаде дополнителен број непријатели меѓу фановите на Милан, бидејќи голем дел од нив не беа најсреќни и поради начинот на кој се раздели со „росонерите“ и потпиша за францускиот состав.

Зомер веќе има 36 години, а сезонава и не брани во препознатливата форма, па затоа Интер ќе се обиде да му најде замена уште од следната сезона.

- Реклама -