Интелигенцијата на мажите може да се види на нивното лице

Според едно истражување од Чешка,  според обликот на лицето може да се прочита интелигенцијата на луѓето.Имено, тимот од чешки научници, под водство на Карел Клеиснер  смета дека ова  е можно, но само кај мажите.

Во студијата која што била спроведена учевствувале  80 студенти од кои што 40 мажи и 40 жени, а нивните лица биле фотографирани со неутрален израз, без употреба на накит и козметика. На сите им било мереноIQ-то.

Потоа, фотографиите им биле покажани на 160 волонтери кои ја оценувале интелигенцијата и атрактивноста на лицето.

– Нашите оценувачи, мажите и жените го проценија нивото на интелигенцијата со најголема веројатност од фотографиите на мажите, но не и од фотографиите на жените, пишуваат авторите на студијата. На машките лица главно можело да се „прочитаат“ два аспекти на интелигенција: т.н. флуидна интелигенција, односно способноста за решавање на логички проблеми независно од стекнатото образование и фигуралната интелигенција која го користи умот при работа со слики и форми.

- Реклама -