Интелигентните луѓе ги слушаат Depeche Mode

Ако сте фан на музиката на „Депеш мод“, веруваме дека ќе ви се допадне ова интересно истражување на  „Мирор”.

Се работи за една забавна, но сосема веродостојна анализа со цел да се утврди која е најинтелектуалната и најсофистицирана англиска поп или рок група – што соодветно ги исполнува подолу наведените критериуми.

Екипата на изданието анализираше над 6000 различни текстови на песни и пресмета колку години образование се потребни за да се разберат тие. Согласно со анализата „Депеш мод“ се покажаа  како  група, чии што пораки го кријат најголемиот интелектуален предизвик кај нејзините фанови.

Песните на Депеш бараат околу 10,3 години образование што е еквивалент на еден просечен 15-годишен човек. Ова ниво е повисоко дури и во споредба со легенди на поп и рок музиката од Велика Британија како Битлси, Дејвид Боуи или Квин. На второ место се наоѓа Елтон Џон, следен од Даер Стрејтс, Пет шоп Бојс… Изненадувачки Роби Вилијамс се појавува на седмото место.

Јасноста и комплексноста на секој текст била оценувана според воспоставените статистички методи со помош на т. н. нндекси Coleman Liau и SMOG – два алгоритми кои се користат во практиката за одредување на тежината на текстовите во наставните материјали во Велика Британија.

Во продолжение погледнете ТОП 10 на  најинтелектуалните англиски бендови и музичари.

Топ 10 интелектуални групи и музичари

Депеш мод
Елтон Џон
Даер Стрејтс
Пет шоп Бојс
Дејвид Боуви
Род Стјуарт
Роби Вилијамс
Ју Би Форт
Квин
Деф Лепард

- Реклама -