Новите Sleekbook лаптопи на HP ќе ги користат најновите процесори на AMD. Прашање е дали овој процесор е најдоброто нешто што можете да го добиете на пазарот, на кој доминира Intel?
Според првите проценки, Тринити чипот на Advanced Micro Devices не ги поседуваат перформансите кои би биле закана за врвната позиција која Intel ја има на пазарот. Ова е стара приказна: AMD создава нов процесор кој нуди подобри графички перформанси но нема голем ефект врз пазарната динамика помеѓу Intel и AMD – која е во корист на Intel.
Сега AMD го направиле истото. Тие ја искористиле својата GPU експертиза со која се здобиле по купувањето на ATI во 2006 година. Но AMD и понатаму не успева да конкурира со CPU брзините и ефикасноста на Intel. Tom’s Hardware пишал: „Trinity не го турка Sandy Bridge од неговата положба на супериорни перформанси“ споредувајќи го процесорот со оној што Intel го најави минатиот јануари.
Ова значи дека Intel, кој сега веќе ја продава следната генерација на чипови со Ivy Bridge и перформансите само ќе станат подобри во однос на AMD. Но и покрај тоа има многу пофалби за чипот на AMD. Tom’s Hardware го препорачува Trinity за корисниците кои играат видео игри за релаксација.
Но кај посериозните игри таа предност се губи. Според Anandtech: „Најдобриот избор би бил лаптоп со процесор од Intel и графичка карта од Nvidia – минимум GT 640M.“ AMD пак има голем напредок во трањето на батеријата. „Мора да се посочи дека грижите за батериите кај AMD од пред неколку години се минато.“ [Intel vs. AMD: Who’s got the fastest chip now?]